Во период од 10 до 13 октомври во Извиднички дом „Чичко Боро“ се одржа традиционалниот ПСИОвски есенски бивак. 90 извидници од ПСИО ја размрдаа Мала Река на планината Китка која не почасти со чист воздух и многу авантура. Првиот ден ни беше резервиран за градење на камп и свечено давање извиднички завет. Вториот ден и покрај утринскиот дожд го искористивме за кул работилници како одење по слеклајн, стреличарство, пуштање по зиплајн, скокање на трамболина, играње скаутбол и ултимејт фризби. Вежбавме ППЗ, декодирање и врзување јазли за последниот ден да може да се покажеме и да пробаме да го освоиме вештарството. Секако не го изоставивме и хајкот низ прекрасниот предел па така покрај реката, по брдото стигнавме и до нашиот водопад. Третиот ден го посветивме на пионерство, тим билдниг активности и кратка стаза со разновидни мисии кои требаше да се направат. Вечерите ни беа исполнети со журка покрај логорски оган и караоке. Од многуте илјади фотки некако успеавме да издвоиме нешто повеќе од 300 – многу извидници многу активности многу спомени. Уште еднаш си покажавме и докажавме дека навистина не е битно што Шумското домче има помал капацитет од нашата бројка, важна е дружбата и секако едукативните активности кои придонесуваат кон поквалитететн начин на живот. Голема благодарност за поддршката на #AmCham #ГрадСкопје и #АгенцијаЗаМладииСпорт кои придонесоа да оваа авантура биде инклузивна и достапна за сите. До наредна средба, БИДИ ПОДГОТВЕН!

Целата галерија можете да ја погледнете на нашата Facebook страница