Оваа нова 2020 година решивме да ја започнеме со одличен зимски камп кој го организиравме на Осоговските планини, локалитет Пониква на 1600 мнв. Во период од 14 до 18 јануари 70 извидници од ПСИО уживаа во одличната програма која ја скоцкаа нашите посветени водачи-волонтери без кои ние нема да бидеме тоа што сме. Деновите беа исполнети со еден куп активности на снег како и предавање на темите ориентација, огништа, патни знаци, стреличарство, глума и сл. Честитки до сите храбри извидници кои се пријавија да полагаат некоја вештина. Голема благодарност до сите вработени во мотелот Изгрев кои се погрижија престојот таму да ни биде и повеќе од удобен и топол. Поздрав во Буци – храната беше фантастична. За време на зимскиот камп ги имавме и првите работилници кои нашите млади ги организираа како follow up активност од проектот SCOUTS UNITED. До наредна авантура БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ!

Целата галерија можете да ја погледнете на нашата Facebook страница