Извидници (од 12 години до 14 години).

Во оваа категорија спаѓаат децата кои посетуваат настава од шесто до деветто одделение во основно училиште. Овие членови се ораганизираат во групи од 6 до 8 членови кои се нарекуваат патроли кои имаат свој водач, свое знаме и свое име. Ова е категорија која полека почнува да навлегува во извидничкото неформално образование во кое спаѓаат почетна ориентација, морзе, семафор, патни знаци и сл. Ова е прва категорија која има право на учество на натпревари како на одредски и меѓуодредски така и на државното натпреварување за оваа категорија – РАПИ (Републичка Акција за Помлади Извидници). Најчести активности за оваа категорија

се игри, натпревари, кампувања, зимување, летување, ориентација, хајкови и сл. По достигнување на возраст од 15 години преминуваат во категорија Истражувачи (од 15 години до 18 години).