Црвен Крст помага секому, но ние му помагаме на Црвен Крст. Нашите добро познати извидници Рисови во неделата волонтерски се организираа и помогнаа во средување и расчистување на дворот на „Даре Бомбол“ со кој стопанисува Црвен Крст, но за нас е од огромно значење. Имено на ова место на Средно Водно се одржувале најмасовните извиднички настани организирани од ПСИО – тогаш ИО „Маршал Тито“ под слоганот Априлски средби. На средбите присуствувале извидници од сите поранешни земји на тогашна Југославија.