Во тек е настанот кој има за цел да ги вмрежи извидниците од Европски регион кои доаѓаат со различни гледишта и богати искуства, сите со една заедничка цел, за подобрување на родовата еднаквост.

Гостин – говорник се придружи Pierrette Pape да го сподели нејзиното долгогодишно професионално искуство работејќи за Европско женско лоби и консултантски услуги во однос на #човековитеправа на жените и девојчињата. Таа ја остави групата извидници со една важна мисла – како ние како #извидници преку нашите позитивни вредности може да придонесеме во создадавањето подобар свет 🌍

Пристап со доверба, а не со пресуда! Да развиваме емпатија, да обезбедиме поддршка, секогаш да слушаме и никогаш да не осудуваме. Личните индивидуални приказни (и страдањето) се поврзани со општествените културни норми, кои влијаат врз сите аспекти на нашите животи, дури и на невидлив начин.

Како младински претставник од Сојуз на извидници на Македонија на тренингот не претставува Бојан Ѓошев од Прв Скопски Извиднички Одред. Овој проект е составен од три дела и тоа тренинг, реализирање активности на локално и национално ниво и завршен настан каде ќе се презентира работата на учесниците.

#ScoutinginEurope #Scouts4GenderEquality
#eyfcoe
Оваа активност е финансирана од Европска младинска фондација

Извидниците од Европа за родова еднаквост!