Започна фазата за олеснување на мерките креирани за време на пандемијата предизвикана од корона вирусот (Covid-19) и сите се радуваме за тоа. Се надеваме дека епидемиолошката состојба ќе ни овозможи да се видиме во текот на летото, во јули, во Извиднички Центар Охрид – нашиот мал рај покрај Охридското езеро.

Информации за наведената активност

Термин на одржување: 20 – 28 јули 2020 година

Право на учество: сите категории на извидници од ПСИО кои ја имаат подмирено годишната членарина за 2019-2020 година.

Котизација за учество е 6.000 МКД. Котизацијата за учество вклучува трошоци за организација, предавања и работилници, оброци, спиење во шатори, набавка на потребна опрема, програма, маичка и амблем, транспорт како и средства за редовна дезинфикација.

Пријава: Оваа година пријавувањето за учество на летниот камп ќе се одвива електронски пат на следниов ЛИНК

Изјава за согласност од родител/старател: На следниов ЛИНК ќе ја најдете потребната изјава која е потребно да се пополни електронски, да се отпечати, потпише и достави во одред.

*РОК за пополнување пријава и доставување изјава е 15 јуни 2020 годинаво одред.

  • Уплаќањето на котизацијата ќе се врши со претходно контактирање и известување на пријавените извидници од страна на водачите!

Согласно препораките од надлежните, оваа година на летниот камп ќе се придржуваме кон нов протокол со цел поголема безбедност на извидниците, зголемено ниво на дезинфекција на опрема, учесници и сл., работилници во помали групи како и правење редовна листа за проверка на здравствената состојба на извидниците, која ќе треба да се направи и 3 дена пред поаѓањето на кампот.

* Листа за проверка на здравствената состојба на извидниците (ЛИНК)

Прв Скопски Извиднички Одред ја задржува можноста за откажување на активноста доколку ситуацијата околу епидемијата на корона вирусот, (COVID-19) не се смири и со тоа се спречи спроведување на истата.

Ќе постапуваме во согласност со упатствата на надлежните институции, а учесниците ќе бидат навремено известени за било какви промени.

Со извиднички поздрав,

Биди подготвен!

Тимот на Прв Скопски Извиднички Одред

Летен извиднички камп 2020 Извиднички Центар Охрид

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *