На 10 декември во 1948 во Генералното собрание на Обеиднетите нации (ОН) беше усвоена Универзалната декларација за човекови права, камен темелникот на универзални вредности и стандарди за заштита и почитување на човековите права.

Сите луѓе се универзално еднакви и специфично различни. Универзалната еднаквост и специфичните разлики мора да се почитуваат. Денес, повредата на човековите права е феномен кој се појавува во сите сфери на општественото живеење и државите преземаат драстични мерки да се справат со неа. Истата се појавува во различни форми и манифестации, од дискриминација и повреда на приватноста до ситуации на мачење или нечовечно и понижувачко постапување или казнување.

Сведоци сме дека секојдневно во сите области се обидува да се елаборира во детали кои се меѓународните стандарди за заштита на правото на живот, забраната на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, правото на еднаквост и заштита од дискриминација, правото на слобода и безбедност, слободата на мисла, совест и религија, слободата на изразување, правото на глас и како тие се пресликани во меѓународниот правен систем за заштита. Во таа насока се обработуваат и постојано се анализираат сите овие права во системот на Обединетите нации, Советот на Европа и Европската Унија со цел да се види како се унапредува толкувањето на нормите на Европската конвенција за човекови права сé со цел унапредување на заштитата на односните права.

Оваа година со поддршка на Град Скопје, сектор за образование се потрудивме преку сет активности и работилници да Ви ги приближиме реалните случаи на дискриминација и (не)еднаквост со кои се опкружени младите и нивните врсници. Секако не сметаме дека решение не е само да се детекрираат овие ситуации, туку пред се да се подигне свеста за забележување на секојдневна дискриминација и како може соодветно да се реагира и да се помогне. 

Да Ви помогнеме во мисијата за одбележување на 10 Декември, денот на Човековите права, го подготвивме овој едноставен прирачник со чекор по чекор активности на тема човекови права со подтеми дискриминација и толеранција, родова еднаквост и меѓукултурен дијалог.

Прирачникот е дотапен да се симне тука – Сите различни, сите еднакви Прирачник со чекор по чекор активности за млади на тема човекови права

10 Декември, Ден на човековите права

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *