Како и секоја година Прв Скопски Извиднички Одред подготви календар за престојната година со извиднички мотиви од своите тековни годишни активности.

Оваа година повторно со нешто ново и различно од минатите години. Со поддршка на Град Скопје и нашите пријатели од печатница „Софија“ нашиот календар има заокружени датуми за одбележување на меѓународни денови за борба за човековите права.

Интересното е што овој календар е комплементарен со Прирачникот со чекор по чекор активности за млади на тема човекови права, па така секогаш кога ќе наидете на важен меѓународен ден имате и готова активност која ќе може да ја спроведете. Нашиот прирачник е наменет да им помогне на сите младински работници и учители/професори кои сакаат на еден поинаков начин да им ја приближат оваа тема на младите.

Линк до календар 2021

Ве молиме доколку сакате да го симнете нашиот извиднички календар 2021г. да ни пишете на Facebook страната First Scout Unit of Skopje за да Ви испратиме верзија во подобра резолуција.

КАЛЕНДАР 2021г.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *