Отворен повик за 20 млади учесници на престојниот летен камп „Петтиот елемент“. Кампот е дел од истоимениот проект спроведуван од Прв Скопски Извиднички Одред, а финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.


Целта на проектот е создавање на позитивна средина за учење и заштита на животната средина преку неформална едукација за деца и млади во природа, каде младите преку атрактивни и адреналински активности ќе ја подигнуваат јавната свест за заштитата на животната средина.
Повикот е отворен за млади од Прв Скопски Извиднички Одред; Извиднички одред „Феникс“ – Прилеп; Извиднички одред „Еквинокс“ – Штип; Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево и Извиднички одред „Авантуристи“ – Кавадарци.
Кампот ќе се одржи од 5 до 15 јули 2021 година во Охрид и ќе биде поделен на 5 тематски области: вода, воздух, земја, оган и извидништво.


Профил на учесници:
Возраст на учесници од 17 до 25 години, кои ќе можат да присуствуваат на целиот камп. Учесниците ќе имаат обврска по завршување на кампот, во наредните 2 месеци да организираат работилници на кои ќе ги пренесат стекнатите знаења.
Учесниците мора да бидат во одлична психо-физичка форма заради природата на активностите предвидени во програмата (регата, хајк, летање со параглајдер, користење сончева енергија и сл.)

  • КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ 30 МАЈ 2021 год.
  • ЛИНК до АПЛИКАЦИЈА
    ** Учество / котизација за кампот: 2.500 МКД
    *** За сите учесници ќе бидат обезбедени брзи тестови за детекција на Ковид-19 кои ќе бидат задолжителни!!!
„Петтиот елемент“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *