Прирачникот Програма за животна средина, активности и факти е адаптирана и преведена верзија на документот од Светска извидничка организација WSEP Resource Book кој има за цел да им помогне на младите извидници, фасилитатори, едукатори преку интересни активности и факти да им ја доближат грижата и развијат љубопитноста за животната средина на децата и младите. Прирачникот изобилува со чекор по чекор активности за чија имплементација има точно наведени реквизити, потребно време за реализација, група (возраст и големина).

Овој прирачник е преведен и адаптиран за потребите на проектот „Петтиот елемент“ со цел промоција и едукација на тема животна средина со симболичка рамка.
Проектот „Петтиот елемент“ е спроведуван и имплементиран од Прв Скопски Извиднички Одред, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија
Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

ЛИНК до прирачникот

Прирачник – програма за животната средина, активности и факти

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *