Оваа година на 24 септември, Денот на зелениот појас се одбележа и прослави во Скопје во Градски парк.
Нашата земја како дел од иницијативата „Европски зелен појас“ повторно го одбележува овој значаен ден за природата. Иницијативата „Европски зелен појас“ стреми кон зачувување на значајните предели во Европа кои се зачувале благодарение на намаленото движење за време на студената војна.

Домаќин и оваа година беше Македонското еколошко друштво кое се потруди и организираше одлични едукативни активности за сите генерации.

Активностите беа конципирани во програма која ја следеше патеката околу езерцето во Градскиот парк. Преку мапа сите посетители можеа да земат учество и да ги посетат следниве точки:
1. Обој го зелениот појас – сликарска активност
2. Водниот свет низ микроскоп – истражување на микроорганизми
3. Креативно катче – дизајн со природни материјали
4. Препознај го дрвото по лист – истражување на растенија 
5. Заспаниот пајак – игра за животот на пајаците
6. Миграција – игра за животот на птиците преселници
7. Ноќен лов – игра за животот на лилјаците
8. Гладниот рис – игра за животот на рисовите
9. Изгубена мравка – игра за животот на мравките

Нашиот одред со 50тина извидници, развигорци и помлади извидници, секако беше дел од овој значаен ден и голем настан.

Им благодариме на организаторите и се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме да соработуваме на полето природа.

Линк до албумот на МЕД

Линк до албумот на ПСИО

Биди подготвен!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *