Прв Скопски Извиднички Одред и компанијата Дизајн Фантази на 15 септември ја официјализираа својата меѓусебна соработка со потпишување на Меморандум за соработка. Преку овој документ тие ги утврдија заедничките активности како тековни така и за во иднина. „Потпишувањето на меморандум со компанијата Дизајн Фантази е со единствена цел, а тоа е подобра соработка и цврто вмрежување на невладина организација и бизнис компанија која не е така честа појава во нашето општество“ изјави Снежана Јанковиќ, раководител на проект. Претседателот на ПСИО и раководителот на компанијата нагласија дека со потпишувањето на овој меморандум се истакнува подготвеноста за соработка на полето на спроведувањето на активностите предвидени во проектот Патентирај партнерство, поддржан од Европска Унија. Како нов плод од овој состанок произлезе и взаемна иницијатива за посета на извидници во погонот за работа и изработка на мебел, при што извидниците ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења и да го освојот амблемот со логото на Дизајн Фантазија. Проектот Патентирај партнерство е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од ЕУ, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика..

[rd_images_carousel style=”rd_ic_tp” animation=”rda_bounceInDown” images=”1359,1360,1361,1358″ scroll=”yes” speed=”400″]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *