Во период од 13 до 17 јануари, речиси 80 ПСИОвци заедно уживаа во убавините на планината Кожуф со надморска височина од 1200 м, во Детското одморалиште Михајлово. Деновите ни беа исполнети со многу активности како натпревари во санкање, градење на најдобра снежна фигура, „ (не)возможна мисија“ преку која извидниците осознаваат дека секој предизвик се решава само со тимска работа.

Извидниците имаа можност да научат и да ги усовршат своите вештини во Прва помош и заштита, Декодер, Извидник научник и Познавач на историја на извидништво, како и да ги полагаат истите вештарства. Покрај овие, на зимувањето се полагаше и Драма, како и Курир за оние најхрабрите кои гладуваа и молчеа 12 часа. Вечерите ни беа исполнети со дружба и смеа, забавни извиднички квизови, филм, но секако и роденденска забава за Снеже со слатки изненадувања и многу танцување.

До наредно зимување, ве поздравуваме со извиднички поздрав

БИДИ ПОДГОТВЕН!

Линк до сите фотографии