Драги ПСИОвски извидници, оваа година решивме зимскиот камп да го правиме на прекрасните Осоговски планини на локалитетот Пониква – оддалечена околу 20 км од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација.

Годинава ќе бидеме сместени во прекрасениот шумски мотел Изгрев каде има централно греење, подно греење, соби со купатила и топла вода, голем двор, блиску до терени, до долга стаза за санкање и сите потребштини за луд зимски извиднички провод.
Петдневното извидничко зимување, како и секоја година ќе биде исполнето со извиднички активности, вештарства, ЗАВЕТ, нова авантура на планина, традиционална погача за Стара Нова Година, марама и амблем со логото.

Котизацијата за зимувањето кое вклучува се горенаведоно изнесува 5.500 денари со можност на три рати
1 рата 2000 ден. до 15 ноември со што всушност и се запишувате како пријавен за зимски камп
2 рата 2000 ден до 15 декември и
3 рата 1500 ден до некој ден пред тргнување (кога ќе закажеме).
За се да оди како што треба како и секогаш ќе се погрижат нашите водачи – волонтери од ПСИО.

БИДИ ПОДГОТВЕН и пријави се на време кај твојот водач.

Линкови од минати зимски кампови

2019 – Михајлово – Кожув

2018 – ПД Смрека – Шар Планина

2017 – Мокрени – Бабуна планина

2016 – Ниже Поле – Планина Баба

2015 – Папрадиште – Јакупица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *