Прв Скопски Извиднички Одред повторно започна со целосно подигнување на ЕКО свеста на учениците на основните училишта на поинаков, иновативен и креативен начин, но овој пат заедно со Гете Институт. Целта на оваа активност е подигнување на нивото на еко едукација и мотивација за соработка и вмрежување, исто така про-активно одржување на чистотата во нивната животна средина преку мал компетативен натпревар заедно со кратка работилница.

На работилницата учениците изработуваат мал еко систем каде во него најдоле ставаат камчиња, земја, малку мов, некое мало но цврсто во корења растение и на крај вода.

Како функционира ова:
  • Во почвата се наоѓаат минерали и CO2. Растението ја впива водата и CO2, настанува процес на фотосинтеза при што ги користи (вода, минерали, CO2…) плус сончевата светлина. Со тоа создава храна и испушта кислород и водена пареа. Пареата се кондензира на стаклото и потоа повторно во вид на капки паѓа во земјата. Целиот процес се одвива од почеток. Целта е учениците да видат што е тоа еко систем и како функционира.

Една од основните мисии на институтот е подобрување на квалитетот на наставата по Германски јазик во образовните установи во земјава. Меѓусебната соработка на Гете и училиштата се состои во нудење и одржување на онлајн обуки како и обуки во Германија за македонските просветни работници кои го предаваат германскиот јазик.

[rd_images_carousel style=”rd_ic_center” animation=”rda_fadeInRight” images=”1413,1410,1418,1409,1406,1408,1407,1419,1420,1421″]