Дванаесет извидници од Прв Скопски Извиднички Одред заминаа на тринаесет дневна незаборавна авантура, на настанот наречен Извидничка смотра на прекрасното Вељенско Езеро во Р.Словенија, благодарение на Триглав Осигурување, АД Скопје која што ги обезбеди средствата за покривање на превозот и здравственото – патничко осигурување.

Извидниците, од 30-ти јули до 11-ти август искусија незаборавна авантура во Словенија, заедно со уште 1.000 извидници од речиси цела Европа.

ПСИО, во знак на благодарност на Триглав Осигурување, му остави отворена покана за каква било понатамошна соработка, во која што ќе можат да се вклучат и помогнат извидниците од ПСИО.

Национална извидничка смотра е настан, организиран од страна на Сојузот на извидници на една држава. Оваа година, извидниците од Словенија ја организираа својата и, како и секогаш, пружија незаборавни искуства и моменти, кои што никогаш нема да бидат заборавени. Рутата на извидниците од ПСИО започна од градот Цеље, од каде пешачеа три дена до Велењско Езеро, за да стигнат во централниот камп, на отворањето на настанот. Спиењето на вакви настани е во шатори, кои што извидниците сами си ги носат.

Овој настан беше и повеќе од само смотра, ние имавме незаборавна авантура исполнета со многу забави, случки, хајкови по неколку километри, кревање и спуштање шатори од ден за ден, готвење храна, запознавање многу луѓе, многубројни работилници, бањање во река, базен, езера, разменување на марами, невреме, јавање коњи, но и чистење по нив, супање, мехурчкање, лежење на хамоци, делкање на дрвени лажички, градење мобилна куќа за кокошки, скејтање, играње, свирење и пеење, заеднички градење ракета и градење подобар свет, раскажа Снежана Јанковиќ – Началник на ПСИО

Националната извидничка смотра ја посети и Борут Пахор, претседателот на Словенија, кој нѐ воодушеви и пристигна преку езерото со кајак и облечен прикладно за веслање. 

Главна цел на овие извиднички настани е да се поттикне интернационалното дружење и запознавање, соработка, да им се помогне на младите извидници да учат за другите народи и нации преку директна интеракција со нив. Секако сето ова се постигнува преку користење на елементите на единствениот извиднички метод, меѓу кои беа учење преку работа, работа во мали групи, природа, личен развој и симболичка рамка. 

Покрај извидниците од ПСИО, на смотрата во Словенија активно учество зема и еден извидник од ИПО Јадран, како и пет од ИО Мирко Милески. Водач на македонскиот контингент беше извидникот Благојче Секулоски – Јапер, на кој му благодариме за сета помош и поддршка пред и за време на смотрата.

Линкови до албуми со фотографии

Албум 1          /         Албум 2

Ве поздравуваме, со извиднички поздрав

Биди подготвен!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *