Шумско домче се наоѓа на 35 километри од центарот на Скопје, на планината Китка, Мала Река на 950 мнв.
Природата изобилува со густа шума, Мала Река која е притока на р.Кадина, многу патеки за хајкинг и планински велосипедизам.
Во извидничкиот дом има место за сместување на 25 до 30 лица во две соби со кревети на спрат, заедничко купатило, комплетно опремена кујна со прибор за јадење и готвење и простор за дневен престој. Домот се загрева со печка на дрва. Најубавиот дел од престојот во Шумско домче е дворот со 1800 м² каде се поставени нашите авантуристички реквизити како зип лајн, трамболина, слеклајн, мрежа за одбојка или бадминтон, место за логорски оган и шатори.
1. Престој на група до 15 луѓе за една ноќ – 9000ден.
2. Деца до 6 години – Не се плаќа
3. Извидници до 15 луѓе 6000ден.
4. Користење на реквизити по ден: зип лајн, трамболина, стреличарство, слеклајн, молки, петанк, одбојка. – 1.500 ден.
5. Дводневна адреналинска авантура за 2 лица Китка-Караџица – 7.200 ден.
6. Дводневна адреналинска авантура за 3-4 лица Китка-Караџица* – 12.000 ден.
7. Можност за еднодневни настани до 8 деца до 14 год.
(ден во природа/шумска екскурзија, роденден…) – 12.000 ден.
До извидничкиот дом се вози преку селата Долно и Горно Количани. Патот е асфалтиран до Црвена вода, а до Преслап асфалт кој на некои места е оштетен. Од Преслап до Мала Река има 9 км земјен широк пат каде е потребно повнимателно возење. Може да се патува со градски автомобил, но ние препорачуваме да се користи високо или теренско возило. Отприлика се стигнува за 1:30 час до домот со бавно и внимателно возење.
Доколку имате потреба од организиран превоз, дополнително можете да не контактирате.
За домот се грижат волонтери од Прв Скопски Извиднички Одред и Здружение за одмор и рекреација „Мала Река“.