За нас


Прв Скопски Извиднички Одред (ПСИО), уште познат како ИО Маршал Тито, е најстариот извиднички одред во Република Македонија. Формиран е есента1952 година, за подоцна во 1953година да се регистрира во Сојуз на Извидници на Македонија (СИМ). Во текот на годините ПСИО го има променето своето име во чест на некогашниот претседател на тогашна СФР Југославија Маршал Јосип Броз Тито, но по осамостојувањето на Република Македонија извидничкиот одредот го враќа примарното име во Прв Скопски Извиднички Одред.ПСИО е дефиниран како невладина организација, самостојна, неполитичка, непрофитна, доброволна и воспитна организација за деца и млади, отворена за сите без оглед на националната или верската припадност. ПСИО е дел од Светското извидничко движење (WOSM) и како таков опстојува и се темели на основните вредности на Извидништвото.Во нашето извидничко друштво, членуваат преку 120 активни извидници кои се категоризирани во повеќе возрасни групи. Извидниците од 7 до 10 години се во група на јато и се нарекуваат развигорци, од 11 до 14 години тие влегуваат во патрола и се нарекуваат помлади извидници, од 15 до 21 година формираат младински клуб на извидници и се нарекуваат истражувачи и над 21 година извидниците се нарекуваат ровери. Во ПСИО извидниците се распределени во јата, патроли, клуба на средношколци и 1 клуб на ровери кои се водени од свои водачи, волонтери.

Мисија и цел

Мисијата на извидничкото движење е да се придонесе во образованието на младите, преку систем на вредности врз основа на извидничиот Завет и Закони, да помогнат да се изгради еден подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ова се постигнува со вклучување на младите во неформалниот образовен процес преку користење на специфичниот извиднички метод што го прави секој поединец главен агент во неговиот или нејзиниот развој. Мисијата е усвоена на Светската Извиднички конференција во Дурбан, Јужна Африка во 1999 година.Целта на ПСИО е да влијае врз физичкиот, афективен, креативен и социјален развој на децата и младите преку извидничкиот метод кој се
темели врз завет и закони, учење преку работа, личен развој, работа во мали групи, поддршка од возрасните, симболичка рамка и сето ова преку следење на основните извиднички принципи:
1.Обврска кон себе
2.Обврска кон другите
3.Обврска кон духовниот развој
1.4. Завет и Извиднички закони


Завет


„Давам чесен збор, дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина, дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење, дека секогаш ќе им помагам на луѓето, дека ќе живеам и работам по извидничките закони“. Развигорски закони:
1.Развигорецот е добар пријател, храбар и чесен;
2.Развигорецот ги почитува своите родители и постарите;
3.Развигорецот добро учи, вреден е и несебичен.