TC “Inner Peace and Peace with Nature” Switzerland

Training Course “Inner Peace and Peace with Nature”
Project place: Winterthur near Zürich, Switzerland
Project dates: 13-19 October 2022
Инвестирањето во своето неформално образование ни помага да ги прошириме нашите погледи кон иднината, да се обучиме со нови животни вештини и запознаваме нови пријатели од Европа. Во период од 13-19 октомври 2022, нашите водачи Кузе и Бојан посетија тренинг курс насловен “Inner Peace and Peace with Nature” кој се одржа во Winterthur, Швајцарија.
За време на тренингот учесниците:
▪ Ги продлабочија своите знаење и разбирање за концептот на мирот и неговите различни нивоа (интраперсонално, интерперсонално со природата)
▪ Истражуваа специфични начини за одржување на внатрешниот мир на дневна основа,
▪ Учеа, споделуваа и доживуваа различни практики за живеење во мир со природата,
▪ Научија како да живеат во мир и да дејствуваат за мир преку активности од мали размери кои можат да се направат дури и без големи ресурси,
▪ Се стекнаа и опремија со различни алатки и методи поврзани со мирот кои во иднина можат да ги користат во својата работа и секојдневниот живот,
▪ Разменуваа добри практики, инспирации, споделување ресурси и идеи и
▪ Планираа последователна акција која треба да се одржи во војата локална заедница по завршувањето на курсот.
Оваа можност на нашите водачи им ја овозможија нашите долгогодишни пријатели https://cid.mk/

Similar Posts