13та Смотра на Сојуз на извидници на Македонија ,,Достигни ги височините’’
Во периодот од 12ти до 21ви Јули се оддржуваше 13та Македонска Извидничка Смотра, овој уникатен настан оваа година се организираше под мотото „Достигни ги височините”. Од ПСИО активно учествуваа 53 извидници. Целата смотра беше поделена на 6 тематски области, извидниците секој ден посетуваа нова тематска област. Првиот ден од програмските активности бевме на здравје и личен развој каде што имаше работилници за орално здравје , јога, медитација, сликарство, драма, пантомима, вториот ден отидовме на активност „Посети го Прилеп“ каде децата беа на посета во фабриката за тутун, музејот на тутун и во аквапаркот, тематска област адреналин и авантура, тоа ни беше адреналинскиот парк и активности на езертот како суп даски, кајаци, рафтинг, чамци, веслање, имавме тематска област извидништво каде се посетуваа работилници за врзување чворови, видови огништа пионерство, градење објекти од дрво, тематска област беше и култура и традиција, тука учесниците учеа да прават пита, зелник, потоа да играат традиционални танци и ора, како тематска област беше и природа и цели за одржлив развој каде извидниците учествуваа на едукативни хајкови и нурнаа подлабоко во светот на природата и разумното користење на нејзините ресурси. Ноќната програма ни беше резервирана со репертоар составен од „Суперхикс“, диџеј Гоце САФ и „Day Off“, културно-уметнички манифестации, талент-шоу и филмски вечери. Овие 10 дена, поминати во Крушево сите заедно живеевме, творевме, се забавувавме, заедно ги откривавме тајните на природата и учевме како да ја заштитиме, заедно учевме за националната култура и традиции, но подеднакво толку многу ги осознававме и оние околу нас. Создадовме интернационална средина која се темели на меѓусебно разбирање и почит, ги остававме стравовите зад нас и се впуштавме во нови, неоткриени авантури! Во овие 10 дена, заедно ги достигнавме височините. Искрена благодарност искажуваме до секој кој придонесе и помогна во реализацијата на оваа Смотра. Биди подготвен.