ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Повикот е отворен на 1.09.2023 и трае до 15.09.2023

Прв Скопски Извиднички Одред има потреба еднократно ангажирање координатор на проект Волонтерство – алатка за младински активизам во рамки на проектот „Млади – Агенти на промена“ спроведуван од Центар за интеркултурен дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и ЗГ. НОВУС.

За проектот:

Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира и кој поседува релевантно знаење и вештини корисни за заедницата. Волонтерите преку својата работа придонесуваат во изградбата на општествениот и човечкиот капитал, во зголемување на вклученоста на граѓаните во општествениот развој, во разрешување на најразличните проблеми и потреби на луѓето во нивната средина. Вредноста која тие ја создаваат и вградуваат во своите активности е „бесценета”, бидејќи поседува особен квалитет кој е збогатен со хуманата димензија на добрата волја и алтруизмот. Преку спроведување на оваа акција чиј фокус е зголемување на волонтерството и остварување на долуневедените проектни активности директно ќе се влијае кон остварување на целите на проектот „Млади – агенти на промената’’и придонесување кон резултатот Подигната свест за важноста на младинските иницијативи, активизмот и волонтерството во општините. Следствено на истото ќе се придонесе и кон Приоритетна цел 1: Волонтерството и активизмот на младите како движечка сила за промени во заедницата.

Главна цел на проектот е зајакнување на младинскиот активизам преку промоција на волонтерството кое раѓа потреба на младите да учествуваат во своите општества и градење на социјални односи кои се пак клучни за благосостојбата на поединецот и заедницата.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ: Спроведување на должностите како проектен координатор за целите на
Проектот

 Подготовка на наративни извештаи за проектот;
 Комуникација, поддршка и организација на состаноци со проектните партнери и
релевантни чинители;
 Испраќање по пошта, архивирање на проектна документација, координирање на
планираните проектни активности и финансиски прашања;
 Почитување на дадените временски распореди за известување и други проектни
активности;

 Организирање на други активности кои овозможуваат постигнување на целите на
проектот;

Квалификации:

 Завршено средно образование
 Најмалку една година работно искуство во координација и управување проекти;
 Искуство во имплементација на проекти;
 Искуство во регрутирање, управување, водење и мотивирање на членови на
персоналот и експерти;
 Искуство во пишување извештаи, следење и евалуација на проектите;
 Силна способност за комуникација на англиски јазик и докажана способност за
добра соработка и за навремена работа.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

 CV на англиски јазик (PDF)

НАЧИН НА СЕЛЕКЦИЈА

По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка на апликациите при што претселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Целосната апликација да се ​​испрати на prvskopski@yahoo.com со наслов на пораката Проектен координатор _ (име и презиме), најдоцна до 15.9.2023, 16:00h.

  • По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за исходот

*ПСИО го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжи
повикот

Similar Posts