Зимски камп 2026 – Пониква

Зимскиот камп 2026 се одржа на Пониква на Осоговските Планини во периодот од 13 до 17 јануари, каде 65 извидниците од ПСИО поминаа пет исполнети дена со активности, учење и дружење.

По пристигнувањето и сместувањето, кампот беше официјално отворен, како и секое зимување си поделивме марами и формиравме екипи, екипите беа поделени според планетите од вселената. Темата на кампот беше поврзана со вселенатана, каде што учевме за сончевиот систем и карактеристиките на планетите, програмата беше разновидна и динамична, комбинирајќи физички активности, едукативни содржини и извиднички вештини.

Деновите започнуваа со утринска гимнастика и рапорт, по што следеа активности како санкање, хајк и прошетки низ природата. Посебен дел од програмата беше посветен на тематски активности поврзани со сончевиот систем, вклучувајќи treasure hunt игри, презентации и креативни работилници за изработка на маски.

Извидниците активно се подготвуваа и полагаа вештарства, меѓу кои курир, декодер, кувар, експерименти, драма и извидништво. Во рамки на подготовките се реализираа активности како вежбање морзеова азбука, драмски изведби и хемиски експерименти. Дополнително, се организираа практични задачи како изработка на „вселенски летала“ за заштита на јајце, што поттикна тимска работа и креативност.

Во вечерните часови се одржуваа забавни и едукативни содржини, вклучувајќи филмска вечер, театарска претстава подготвена од извидниците и заеднички активности. Дел од програмата беше и традиционалното давање завет, како и прослава на роденден во извидничка атмосфера.

Во последните денови се организираа натпреварувачки игри како „capture the flag“ и финални подготовки и полагања на вештарствата.

Кампот заврши со официјално затворање, доделување амблеми и признанија, како и споделување впечатоци од учесниците. Со ова зимување, извидниците стекнаа нови знаења и вештини, ја зајакнаа тимската работа и создадоа искуства кои ќе ги паметат долго време.

Линк до сликите од Зимскиот камп – Линк

Биди подготвен!

Similar Posts