Смотра на Сојуз на извидници на Црна Гора, Грахово 2022
Во текот на летниот период 28.07.2022 – 05.08.2022 во Грахово, Никшич – Црна Гора, извидниците организираа интернационална смотра, на која 33 извидници од ПСИО земаа активно учество во атрактивни активности, создадоа нови пријателства, се запознаа со прекрасната Црна Гора и учествуваа во активности кои имаат за цел да и помогнат на локалната заедница, зачувување на животната средина, но и научија нешто повеќе за човековите права, мир и слобода, како и живот во заедништво.
Програмските активности беа поделени во 6 области:
1. Живот во камп: учество на извиднички работилници, стекнување животни вештини, социјални едукативни игри, учество на саем на колекционери, извидничка телевизија, концерти на кои ќе настапуваат црногорски и регионални музички ѕвезди.
2. Запознај ја Црна Гора: еднодневни посети на градот Никшич и градот Котор.
3. Спорт и рекреација: велосипедизам во шумата околу Грахово, качување на вештачка карпа во склоп со кампот, кајакарење на Граховско езеро, пливање и ватерполо на Граховско езеро, фудбал, кошарка, одбојка, стрелаштво, стреличарство и
многу други.
4. Активности за млади: практикување лидерство, тимска работа, социјални вештини, младинска политика и младински услуги, хуманитарни активности.
5. Екологија и светото околу нас: можност за истражување на над 140 различни видови на растенија, тура околу заштитеното подрачје Бјела Гора, набљудување на птици, активности за зачувување на водата и водните ресурси на Црна Гора, програма за рециклирање и еколошки активности.