YE Youth and tolerance United, Berlin
Во период од 1 до 9 декември шест извидниците од Прв Скопски Извиднички Одред учествуваа на младинска размена за толеранција во Берлин.
На проектот земаа учество млади од седум држави: Македонија, Унгарија, Италија, Бугарија, Турција и Германија.
Нашите извидници имаа прилика да разменат искуства, да се запознаат со нови култури и создадат нови пријателства. Овој тип на размени поддржани од Еразмус+ програмата за мобилности секогаш одвојува можност шанса младите да искустат и историски и едукативни прошетки низ градот каде се наоѓаат.
Темата на размената беше толеранцијата помеѓу младите и запознавање со различни култури.
Целите на овој проект се :
– да се адресира недостатокот на толеранција на ниво на Европа и да се подигне свеста за овој проблем кај партерските земји
– да им овозможи да на учесниците ефективно да комуницираат и работат со луѓе кои имаат различно културно минато, вклучувајќи и луѓе кои претставуваат малцинства
– да креираат алатки за споделување на знаењето што го стекнале на проектот (блогови, буклети, видеа и фотографии)
– да се прошири знаењето на учесниците за Erasmus+ програмата
– да се зајакне соработката помеѓу партнерите