ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ за имплементирање на работилници
Прв Скопски Извиднички Одред отвора повик за волонтери за импелемнтирање на работилници 10 работилници како дел од школата за волонтери основно ниво – дел од активност 2 од проектот Волонтерство – алатка за младински активизам.
Повикот е отворен на 1.10.2023 и трае до 15.10.2023
За проектот:
Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира и кој поседува релевантно знаење и вештини корисни за заедницата. Волонтерите преку својата работа придонесуваат во изградбата на општествениот и човечкиот капитал, во зголемување на вклученоста на граѓаните во општествениот развој, во разрешување на најразличните проблеми и потреби на луѓето во нивната средина. Вредноста која тие ја создаваат и вградуваат во своите активности е „бесценета”, бидејќи поседува особен квалитет кој е збогатен со хуманата димензија на добрата волја и алтруизмот. Преку спроведување на оваа акција чиј фокус е зголемување на волонтерството и остварување на долуневедените проектни активности директно ќе се влијае кон остварување на целите на проектот „Млади – агенти на промената’’и придонесување кон резултатот Подигната свест за важноста на младинските иницијативи, активизмот и волонтерството во општините. Следствено на истото ќе се придонесе и кон Приоритетна цел 1: Волонтерството и активизмот на младите како движечка сила за промени во заедницата.
Главна цел на проектот е зајакнување на младинскиот активизам преку промоција на волонтерството кое раѓа потреба на младите да учествуваат во своите општества и градење на социјални односи кои се пак клучни за благосостојбата на поединецот и заедницата.
Профил на волонтери:
- Да има најмалку 3 годишно искуство во волонтирање во младинска организација.
- Искуство во креирање агенда и спремање работилници.
- Истражување позитивни и добри практики од најголемите светски младински организации кои применуваат атрактивен начин на пренесување на знаење и мотивирање млади.
Опис на активноста која треба да се спроведе
Активност 2 – Школа за волонтери – основно ниво. Десет работилници за поттикнување на волонтерски дух преку запознавање различни теми од неформално образовани. Основната школа ќе ги опфати следните информации: позадина на причината или потребата на заедницата, како да се пренесе мисијата на организацијата, цели за активности и методи на оценување, како да се изврши волонтерската задача, безбедносни мерки, правила за волонтирање во организација, преглед на опремата и како да се користи и како се мери волонтерско време.
Овие информации треба бидат опфатени преку запознавање со области од животни вештини и вештини на 21 век, заштита на животната средина, меѓукултурен дијалог и младинско учество.
Работилниците ќе бидат со капацитет од 10 средношколци по работилница, а ќе се спроведуваат во период од 4 месеци со две паралелни групи.
Проектот Волонтерство – алатка за младински активизам е подгрант на „Млади – агенти на промената” импелемтиран од Центар за интеркултурен дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи Новус, финансиран од Европската Унија.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
Испратете Ваше CV (PDF) на prvskopski@yahoo.com со наслов по повик за волонтери(име и презиме) или донесете го во нашата просторија секој работен ден од 08:00 до 16:00 најдоцна до 15.10.2023, 16:00h.
По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка на апликациите при што претселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.