Централна прослава по повод Светскиот ден на извидниците! 2026

22.02, Недела

90 извидници од Прв Скопски Извиднички Одред го одбележаа Светскиот ден на извидниците 22 Февруари во Кичево, каде што домаќини беа извидниците од Извиднички одред „Мирко Милески“.

Во сончев и исполнет ден, нашите извидници учествуваа на 5 контролни точки преку кои учеа и се забавуваа, направија добро дело за себе, добро дело за другите, добро дело за околината, учествуваа на активности за култура и традиција, како и на извиднички предизвици.

На секоја точка собираа делчиња од слика, кои на крајот ги составија во целосен приказ на Калето како симбол на тимската работа и заедништвото. Со многу насмевки, многу сонце и одлична атмосфера достојно го одбележавме овој голем извиднички ден. Среќен Светски ден на извидниците!

Погледнете ги сликите од Централната прослава – ЛИНК

Биди подготвен!!

Similar Posts