Рудник Тораница

ЛИНК до фотографии

[2.12.2023] Со повеќе од 70 наши извидници бевме во посета на рудникот за олово и цинк Тораница, Крива Паланка. Концесионер на рудникот Тораница е фирмата ДПТ Булмак 2016. Во рамки на посетата ја видивме јамата и возот со вагони руда, опремата за дупчење и товарање и транспорт. Исто така, ги видовме и поголем број на сипки, како објекти за гравитациско спуштање на рудата. Имавме прилика и можност да го разгледаме погонот за подготовка на минерална суровина како и со процесот на флотација. Сепак, оваа посета немаше да биде реализирана доколку не беше добрата соработка и одличниот прием од страна на инженерскиот тим од рудник и нашиот денешен домаќин Денис Ѓоргиевски, рударски инженер за дупчење и минирање. Огромна Благодарност до господинот Илија Горанов Илиев кој овозможи и ја даде целата поддршка за реализација на оваа едукативна и нескојдневна посета на рудник.

Similar Posts