Тим Билдинг 2026 – Шумско Домче

Во период од 13.03 до 15.03.2026 имавме Тим Билдинг за водачите на ПСИО.

15 извидници се собраа во нашето Шумско домче во Мала Река каде што викендот ни беше исполнет со разговори за програмата, идните активности, дружење, смеа и многу физичка работа.

Целта на тим билдингот беше да се зајакне тимската работа и соработката помеѓу водачите, како и да се креираат нови идеи за идните состаноци и настани на одредот.

Воедно, заеднички работевме на средување и подобрување на нашето домче, кое веќе години наназад го градат и одржуваат токму нашите волонтери.

Погледнете го нашето видео од викендот – ЛИНК

Биди подготвен!

Similar Posts